ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)

Истражувачот кој не е евидентиран во системот Е-CRIS.MK и ги исполнува условите за внес, мора преку веб апликацијата Е-CRIS.MK (ПРИЈАВА/Регистрација на истражувач) лично да побара корисничко име и лозинка за авторизирана пријава во системот. После добивање на авторизациските податоци на личната е-пошта, треба да се пријави во системот Е-CRIS.MK (ПРИЈАВА/Авторизиран пристап) и ги внесува личните податоци. Некои податоци се задолжителни и ако истражувачот не ги внесе, системот ќе го предупреди за тоа. Кога истражувачот ќе заврши со внес на личните податоци, го пополнува образецот за пријава (Образец МК/ЕV-03/2008). Ако истражувачот не ги пополнил сите полиња за личните податоци, системот ке го предупреди за тоа. Истражувачот треба да го испечати образецот, да го потпише и да го завери кај одговорното лице во истражувачката организација и да го достави на адреса Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, со напомена за E-CRIS центар или по фах +389 02 3226 846. По добивање на образецот одговорното лице во E-CRIS центарот ќе утврди дали истражувачот ги исполнува условите за регистрирање во базата за научно истражувачка дејност во Република Македонија, како и да изврши евентуални корекции на податоците. Потоа податоците ќе бидат внесени во базата по што ќе станат јавно достапни. E-CRIS центарот е задолжен по е-пошта да го информира истражувачот за регистрирање или за неисполнување на условите за упис во базата.

Истражувачката организација која сéуште не е евидентирана во системот E-CRIS.MK, а ги исполнува условите за упис, одредува лице за контакт кое ќе биде одговорно за внес и ажурирање на податоците за организацијата во системот E-CRIS.MK. Преку веб апликацијата E-CRIS.MK (ПРИЈАВА/Регистрација на организација), одговорното лице добива корисничко име и лозинка за авторизирана пријава во системот. По приемот на авторизираните податоци на личната е-пошта, лицето за контакт се пријавува во системот E-CRIS.MK (ПРИЈАВА/Авторизиран пристап) и ги внесува податоците за организацијата. Некои податоци се задолжителни и ако лицето за контакт не ги внесе, системот ќе го предупреди за тоа. Кога ќе заврши со внес на сите податоци за организација се пополнува PDF образецот за пријава (Образец МК/ЕV-01/2008). Ако не се пополнети сите полиња за лични податоци системот ќе ве предупреди за тоа. Лицето за контакт треба да го испечати пополнетиот образец, да го завери кај одговорно лице во истражувачката организацијата и да го достави на адреса Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, со напомена за E-CRIS центар или по фах +389 02 3226 846. По добивање на образецот одговорното лице во E-CRIS центарот ќе утврди дали истражувачката организација ги исполнува условите за регистрирање во базата за научно истражувачка дејност во Република Македонија, како и да изврши евентуални корекции на податоците. Потоа податоците ќе бидат имплементирани во базата и ќе станат јавно достапни. E-CRIS центарот е задолжен по е-пошта да го информира Истражувачката организација за регистрирање или за неисполнување на условите за упис во базата.

Во системот E-CRIS.MK се пријавувате така што од менито ја избирате командата ПРИЈАВА/Авторизиран пристап и го внесувате вашето корисничко име и лозинка. После тоа го одбирате линкот со вашето презиме и име и ги проверувате и поправате личните податоци. Некои податоци се задолжителни и ако истражувачот не ги внесе, системот ќе го предупреди за тоа.

Корисничко име и лозинка за авторизирана пријава ќе биде доделена на сите евидентирани истражувачи и одговорни лица за E-CRIS.MK во регистрираните истражувачки организации. Услов за прием на корисничко име и лозинка е верифицирана лична е-пошта. Одговорното лице за E-CRIS.MK во веќе регистрираната истражувачка организација ќе ги собере личните е-пошти на евидентираните истражувачи и ќе ги достави до лицето за контакт во националниот E-CRIS центар, кој ќе се погрижи за нивен внес во системот. Потоа на истражувачите ќе им биде испратена е-пошта со авторизациски податоци. Ако вашата лична е-пошта е веќе верификувана во системот(тоа ќе го знае одговорното лице за E-CRIS.MK во организацијата), а доколку сéуште немате добиено корисничко име и лозинка за авторизирана пријава (можеби поради технички или други причини), можете да ја употребите командата ПРИЈАВА/e-mail пристап. Ако вашата лична е-пошта во системот E-CRIS.MK сéуште не е верифицирана (можеби и не постои), обратете се на лицaта за контакт во националниот E-CRIS, Миодраг Дадасовиќ (miodrag@nubsk.edu.mk) и Василка Христовска (vasilka@nubsk.edu.mk) кои ќе ви ги дадат сите потребни инструкции.

За внес на податоци за истражувачките одделенија и вработување на истражувачите во истражувачките организации се задолжени одговорните лица за E-CRIS.MK во истражувачките организации (лицето за контакт). Податоците за истражувачките одделенија и вработување на истражувачите во истражувачките организации може да се внесат само за оние организации кои се веќе евидентирани (јавно достапни) во системот E-CRIS.MK.

Во менито изберете ја командата ПРИЈАВА/e-mail пристап. Потоа внесете ја шифрата на истражувачот / организацијата, личната е-пошта адреса на истражувачот / лицето одговорно за E-CRIS.MK во организацијата како и сигурносниот код. На личната е-пошта адреса ќе добиете линк до авторизираниот пристап до E-CRIS.MK системот. По пријавата преку линкот во менито ЛОЗИНКА може да креирате нова лозинка.

До вашата интернет презентација во E-CRIS.MK може да води директен линк https://cris.cobiss.net/e-cris/mk/@lang/researcher/code/@code, во кој треба да ја смените вредноста @CODE со шифрата на истражувачот која има 5 знаци, и вредноста @LANG со вредноста за јазик (за македонскиот mk, за англискиот en).
Пример: https://cris.cobiss.net/e-cris/mk/mk/researcher/code/00467
Ретроспектива на прегледи
Омилено