Информациски систем за истражувачката дејност во Македонија

ОПШТО

Во Европа веќе неколку децении се градат информациски системи со генеричко име CRIS (Current Research Information Systems). Интеграцијата и широката употреба на системот CRIS во минатото беа оневозможени од неусогласената методологија, со тоа што во последните години е присутен силен тренд на стандардизација. Една од општоприфатените препораки за структурата на податоците за истражувачката дејност е CERIF (Common European Research Information Format) класификацијата, која ја ажурира и развива организацијата euroCRIS.
Согласно со препораките на CERIF, развиена е веб-апликација E-CRIS која Институтот за информациски науки во Марибор (IZUM) бесплатно ја понуди на корисниците на апликациите COBISS. Цел е воспоставување евиденција на истражувачи и установи, неопходна за следење и евалуација на резултатите од истражувањата реализирани во рамките на повеќе национални библиотечно-информациски системи од мрежата COBISS.Net. Националниот E-CRIS систем е поврзан со националниот библиотечно-информациски систем COBISS, и овозможува непосреден увид во биографските и библиографските податоци на истражувачите и истражувачките организации. Националниот E-CRIS систем вклучува база на податоци за истражувачи, истражувачки организации и оддели и истражувачки проекти. Податоците во базата се меѓусебно поврзани. Податоците во базата се внесени на македонски и англиски јазик.
Информацискиот систем за истражувачка дејност во Македонија го управува Националната библиотека “Св.Климент Охридски“, која врши и функција на национален E-CRIS центар. E-CRIS.МК е поврзан со информацискиот систем COBISS.MK, односно со неговата библиографска база на податоци COBIB.MK, во која некои од македонските библиотеки веќе креирале и библиографски записи за библиографии на истражувачите.

Од 01.03.2012 е изменета методологијата на прибирање и ажурирање на податоците:

УСЛОВИ ЗА УПИС

Во информацискиот E-CRIS систем се регистрираат изведувачи на истражувачка и развојна дејност во Македонија кои ги исполнуваат следните услови:

За истражувачките организации и истражувачите кои учествуваат во истражувачки проекти кои се финансирани од јавни средства, уписот во E-CRIS.MK е задолжителен, но пожелно е во E-CRIS.MK системот да се вклучат сите вршители на научно истражувачка или развојна дејност во Македонија за нивно унапредување на национално и интернационално ниво.
Уписот во E-CRIS.MK систем само по себе не значи дека организацијата (или истражувачот) ги исполнува условите за учество во буџетски финансиран проект кој го определува Министерството за образование и наука.

МЕТОДОЛОГИЈА НА СОБИРАЊЕ И АЖУРИРАЊЕ ПОДАТОЦИ

Внесот и контролата на податоците за E-CRIS.МК со различни овластувања ги вршат онлајн::

Истражувачите кои се веќе евидентирани во системот E-CRIS.МК можат да ажурираат само некои од своите податоци. За пристап до системот E-CRIS.МК барем првиот пат треба да се пријави преку Пријавување/Пријавување со е-адреса. За пријавување ја користи е-адресата која мора да биде иста како е-адресата која е внесена во E-CRIS.МК. На таа електронска адреса истражувачот ќе добие временски ограничен линк за пријавуање. По успешно пријавување може да си ја намести лозинката која во иднина ќе му овозможува да се пријавува врз основа на евиденцискиот број или на е-адресата и лозинката (Пријавување/Пријавување со лозинка).
Ако на истражувачот во моментот не му е внесена е-адреса во E-CRIS.МК или ако е-адресата не е соодветна, мора најпрво да се погрижи за внес на е-адресата. За тоа мора да стапи во контакт со E-CRIS-центарот. Истражувачите кои се уште не се евидентирани во системот E-CRIS.МК, а сметаат дека ги исполнуваат условите за упис, своите основни податоци можат самите да ги внесат во системот. Постапката започнува во менито Услуги/Регистрација на истражувач. Во интернет образецот внесувате име, презиме и е-адреса. На оваа е-адреса истражувачот ќе добие временски ограничен линк за пријавување. По успешно пријавување во E-CRIS.МК ги внесувате личните податоци, ги печатите, ги потпишувате и ги испраќате на електронска или поштенска адреса на E-CRIS-центарот. Откако одговорното лице во E-CRIS-центарот ќе ги провери податоците и ќе утврди дека истражувачот ги исполнува условите за упис во евиденцијата на вршители на истражувачка и/или развојна дејност во Македонија и ќе изврши евентуални корекции, податоците ќе станат јавно достапни. Потоа E-CRIS-центарот по е-пошта го известува истражувачот за регистрацијата или за евентуалното неисполнување на условите за упис.

Истражувачките организации кои се веќе евидентирани во системот E-CRIS.МК можат да одредат лице за контакт за E-CRIS.МК кое ќе биде одговорно за внес и ажурност на податоците за организацијата во системот E-CRIS.МК. Тоа лице мора да го достави своето име, презиме, е-адреса и број на телефон до E-CRIS-центарот. По внес на овие податоци во E-CRIS.МК, лицето за контакт на организацијата ќе може да се пријави и да ги ажурира податоците за организацијата.
Истражувачката организација која се уште не е евидентирана во системот E-CRIS.МК, а ги исполнува условите за упис, го одредува лицето за контакт кое ќе биде одговорно за внес и ажурност на податоците за организацијата во системот E-CRIS.МК. Постапката на упис започнува во менито Услуги/Регистрација на организација. Во интернет образецот се внесува називот на организацијата и е-адресата на лицето за контакт. На оваа електронска адреса лицето за контакт ќе добие временски ограничен линк за пријавување. По успешно пријавување во E-CRIS.МК ги внесувате податоците за организацијата, ги печатите, ги потпишувате и ги испраќате на електронската или на поштенската адреса на E-CRIS-центарот. Откако одговорното лице во E-CRIS-центарот ќе ги провери податоците и ќе утврди дека организацијата ги исполнува условите за упис во евиденцијата на вршители на истражувачка и/или развојна дејност во Македонија и ќе изврши евентуални корекции, податоците ќе станат јавно достапни. E-CRIS-центарот потоа по е-пошта го известува лицето за контакт во организацијата за регистрацијата или за евентуално неисполнување на условите за упис.

Националниот E-CRIS-центар се грижи за организирање и координирање на собирањето податоци во системот E-CRIS.МК, ги проверува условите за упис (регистрација) и го надгледува квалитетот на податоците кои му ги испраќаат истражувачките организации и истражувачите.

Ретроспектива на прегледи
Омилено